Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА Е ДОВОЛНО ЗА БЛОКИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ Милошоски вели дека тоа се „плодовите“ од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ
Македонија

ВЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА Е ДОВОЛНО ЗА БЛОКИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ Милошоски вели дека тоа се „плодовите“ од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ

15/10/2026

AA

Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог“, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија Preparing for a wider Union, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање.

Ваквата методологија на одлучување во комбинација со Декларацијата која официјална Софија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 со нагласување дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не може да се толкува како негово признавање од страна на Бугарија, е доволна и за политички аматер да може да погоди која ќе биде земјата која ќе стави вето за впишување на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ, при евентуална можност за зачленување во Унијата. За жал, тоа се ‘плодовите’ од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ ставени на Договорот за добрососедство од август 2017, како и на вториот протокол и анекс на Договорот од јули 2022 година. Евтините потписи на Заев и Бујар Османи, скапо ќе ја чинат Македонија и ќе бидат постојан ризик за официјалната промоција на македонскиот јазик во рамките на ЕУ.

Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, според досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец.

Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада.

И на крај во контекст на оваа тема, добро е да се напомене дека во моментов во Брисел се водат преговори дали во подготвувањето на нацрт пристапниот Договор за евентуалното членство на Црна Гора во ЕУ да се впише и црногорскиот јазик како нов службен јазик на Унијата. Без да се прејудицира исходот, засега дипломатски може да се рече дека за оваа тема кај најмалку една земја членка постојат лингвистички дилеми. Дилемата пак за буџетските трошоци и логистиката за превод во секоја ЕУ институција на уште еден нов официјален јазик е дополнително присутна кај уште 2-3 членки. Но, за неколку месеци ќе има и појасна слика за оваа тема, како и за политичката клима дали во ЕУ постои едногласност за нови официјални јазици.

Компаративно, без разлика на нивните историски спорови и конфликти, сепак рационалноста на Шпанија и на Португалија, на Германија и на Полска, како и разумноста на Данска и на Шведска, за жал, сѐ уште се далечни стандарди во споредба со (не)прагматичноста на Бугарија во односот кон Македонија“, наведува Милошоски во неговата анализа објавена на Фејсбук.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО БУГАРИЈА НЕМАЛО ФАШИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ Имало,

15/10/2026
Македонија

УЧЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ НАПАДНАТИ ВО ОХРИД Се движеле со професорите

15/10/2026
Македонија

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ Нивниот

15/10/2026
Македонија

ЖЕНА ПАДНАЛА ОД БАЛКОН ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА Со тешки повреди

15/10/2026
Македонија

ВЕТО НА ЕДНА ЧЛЕНКА Е ДОВОЛНО ЗА БЛОКИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ

15/10/2026
Македонија

ОД МАРТ ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО ДУБАИ ТРИПАТИ НЕДЕЛНО

15/10/2026
Македонија

📽️ „СЛАВНИОТ ДРИФТАЧ“ ОД ШТИП ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА

15/10/2026
Македонија

АНАЛИЗА • БУГАРИЈА МОЖЕ ДА ОДБИЕ ЕКСТРАДИЦИЈА, НО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46179
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО БУГАРИЈА НЕМАЛО ФАШИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ Имало, имало, обаче Љубчо не сака

15/10/2026

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски премиер Љубчо Георгиевски реши да одржи мала историска лекција на Фејсбук. Наброја фашисти

УЧЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ НАПАДНАТИ ВО ОХРИД Се движеле со професорите

15/10/2026

Повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои се движеле низ Охрид во придружба на своите професори. Инцидентот се

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ Нивниот извоз од Македонија в година

15/10/2026

Компанијата „Кромберг и Шуберт” започнува нов инвестициски проект со кој во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy