Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АВГАНИСТАНЕЦ – БЕГАЛЕЦ ВО СРБИЈА РАЗВИЛ НЕВЕРОЈАТЕН БИЗНИС: Прво спиел на клупа, а сега има редици за да го пробаат неговиот производ
Регион

АВГАНИСТАНЕЦ – БЕГАЛЕЦ ВО СРБИЈА РАЗВИЛ НЕВЕРОЈАТЕН БИЗНИС: Прво спиел на клупа, а сега има редици за да го пробаат неговиот производ

28/10/2024

AA

Бегајќи од
војната во Авганистан, неговото патување го одвело во Србија. Не можел ни да
замисли дека ќе остане во земјата за која мислел дека ќе му биде само транзитна
дестинација. Кога пристигнал во Србија за време на бранот на бегалската криза
во 2016 година, Кочаи Арјуби бегал од воено разурнатиот Авганистан под закана
на талибанците.

Тој сега е во
Србија веќе осум години и се сеќава дека патот до Србија бил многу тежок. Оние
кои веднаш не го продолжија патувањето до границите на Европската унија, беа
сместени во прифатните центри на Комесаријатот за бегалци.

-Отидов од
Авганистан во Србија илегално низ многу земји и беше доста тешко. Првите денови
кога пристигнав, бев сместен во хостел во близина на Економскиот факултет во
Белград. После тоа немав ништо, па спиев во паркот кај факултетот. По две
недели, Комесаријатот за бегалци организираше превоз до камповите. Решив да
одам и следната речиси една година ја поминав во бегалскиот камп во Крњача – се
сеќава Кочај.

Тој веднаш ја
започнал процедурата за барање азил, а по девет месеци добил работна дозвола.
Потоа го напушта кампот во Крњача и почнува да живее во приватно сместување.

Добил азил во
2018 година. Како што вели, првиот чекор бил да го донесе семејството во Србија
и да започне бизнис. За тоа време сопругата и петте деца се обидувале да стигнат
до него од Авганистан.

– Постапката за
обединување на семејството ја започнавме во 2019 година. Првиот пат бевме
одбиени. Јас повторно се пријавив. Не ми беше целта да одам некаде со
семејството, сакав да останам во Србија и тоа се случи во 2020 година кога
добивме виза за обединување на семејството – објаснува тој.

Семејството
Арјуби пристигна во Белград во септември 2022 година. Како што вели, на почетокот
визите важеле шест месеци, а потоа неговите деца добиле постојан престој.

– Сопругата се
уште е на привремен престој – додава тој.

Пред да дојде во
Србија, Кочај работел во многу земји – Авганистан, Пакистан, Обединетите
Арапски Емирати, Русија. Имал градежна фирма, а се занимавал и со автомобили.
Кога дојде во Србија ја смени и професијата. Сега има своја преведувачка
агенција. Зборува осум јазици. Последниот што треба да се надмине е српскиот.

-Малку мешам
руски со српски, но не е страшно – додава тој.

Овој месец семејството
Арјуби отвори ресторан кој работи на принципот „Food to go“ во центарот на Белград. На Кочај не му се
веруваше дека еден ден ќе отвори свој локал недалеку од местото каде што спиеше
на клупата.

– Минатата недела
детето, сопругата и јас поминавме покрај Економскиот факултет. Им реков,
„видете како се менува времето“. Кога дојдов овде, спиев надвор, а сега
семејството е заедно, добро живееме, децата одат на училиште, а сега отворивме
ресторан – вели тој.

Ресторанот за
готова храна служи авганистанска кујна.

– Не ни требаат
никакви посебни зачини како во индиската или арапската кујна. Ние користиме
зачини кои се користат во Србија, само начинот на подготовка на јадењето е
различен – објаснува тој.

На отворањето на
кафеаната се собраа сите пријатели, како што сега ги нарекува Кочај, кои му
помагаат откако е дојден во Србија.

– Беа околу 70.
Подготвувавме храна. Навистина ми беше драго кога видов колку пријатели имам –
вели тој.

„Семејството беше
во шок кога им кажав дека останувам“, но како што вели, одлуката да остане во
Србија била добра.

– Морам да кажам
нешто. Искрено, целта за време на миграцијата беше Франција, но кога пристигнав
овде и ги запознав луѓето, ја видов природата, можноста за работа – решив да
останам во Србија – вели соговорникот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла

05/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена

05/11/2026
Македонија

И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова побара забрзување

05/11/2026
Македонија

ФОНДОТ РЕАГИРА НА ТВРДЕЊАТА НА КОСТАДИНОВ „Спремни сме за соработка,

05/11/2026
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46608
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла по котлините

05/11/2026

Времето в петок, 6 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции за сигурен европски пат

05/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО Пари и документи откриваат траги

05/11/2026

Пари и документи што упатуваат на лихварство и изнуда биле пронајдени во раноутринската полициска акција во Куманово. Под истрага се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy