
Атлетико без муниција против Еспањол, Алавес го надигра Реал Сосиедад
Избраниците на Диего Симеоне ја погодија мрежата на Еспањол само во 55. минута, но голот беше поништен од ВАР-технологијата, по што до крајот на средбата не беше реализирана ниту една шанса од домаќините.
Реал Сосиедад остана со фудбалер помалку во 29. минута кога Ојарзабал беше исклучен, но потоа Мендез погоди за водство од 1-0 на неговиот тим.
Вилалибре го врати гостинскиот тим во живот во петтата минута од судиското надополнување на првиот дел, а потоа Мартинез во вториот дел стрелаше за целосен пресврт.