Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер
Економија

АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер

17/06/2025

AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за ABC News
изјави дека не ја исклучува можноста за атентат врз врховниот лидер на Иран,
ајатолахот Али Хамнеи, тврдејќи дека таков потег „нема да го ескалира
конфликтот, туку ќе го заврши“.

Нетанјаху: Ова е за
заштита на човештвото

Кога директно го прашаа дали Израел ќе го таргетира
врховниот лидер, Нетанјаху одговори: „Правиме она што мораме. Веќе ги
таргетиравме нивните водечки нуклеарни научници. Беше како нуклеарниот тим на
Хитлер. Сè уште имаме работа на други локации“, додаде тој.

Нетанјаху, исто така, изјави дека нападите на Израел врз
Иран имаат за цел, како што рече, „заштита на човештвото“ од иранската
нуклеарна закана.

„Денес целта е Тел Авив, утре може да биде Њујорк“, рече
Нетанјаху. „Ја разбирам политиката „Америка на прво место“, но не ја разбирам
„Америка мртва“.

Трамп наводно го
отфрлил израелскиот план за атентат

Претходно, Ројтерс објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил
израелскиот предлог за атентат врз ајатолахот Хамнеи, повикувајќи се на двајца
високи американски претставници. Според нивните тврдења, предлогот бил изнесен
во последните неколку дена, но Трамп ставил вето на планот.

Нетанјаху ги негираше тврдењата во интервју за „Фокс њуз“:
„Постојат многу лажни извештаи за разговори што никогаш не се случиле и нема да
навлегувам во тоа. Но, можам да кажам дека ќе направиме што треба да направиме.
И мислам дека Соединетите Држави знаат што е добро за нив.“

Тој додаде дека израелските напади ќе престанат само кога ќе
бидат отстранети сите ирански нуклеарни капацитети.

Ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години, е врховен лидер на
Иран од 1989 година и е најмоќната политичка и религиозна фигура во земјата.
Неговиот авторитет ги надминува сите други институции, вклучувајќи ги
претседателот и парламентот, и тој игра клучна улога во обликувањето на
надворешната политика и нуклеарната програма на Иран.

фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
Македонија

Брисел одлучува за престојот на возачите – Македонец казнет во

11/02/2026
Македонија

СВР Битола со засилена борба против трговијата со дрога: 324

11/02/2026
Македонија

Казнето уште едно градилиште во Аеродром – камионите се вклучувале

11/02/2026
Македонија

ОД ГРАЃАНИТЕ ЗЕМАЛ ПАРИ ЗА ПАСОШИ ВО КЕШ И СИ

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети за подземниот булевар во Центар

11/02/2026

На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен увид дали постојат пропусти!

11/02/2026

Денес се одржа онлајн состанок меѓу интерната и странската експертска комисија ангажирана од Министерството за здравство, во рамки на процесот

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е премногу радикален чекор!

11/02/2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски смета дека забраната на социјални мрежи за најмладите е премногу радикален чекор. По новинарско

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy