
Аталанта ја освои Џенова за четврта победа по ред во Серија А
Де Кетелар беше стрелец на првиот гол во 22. минута од натпреварот, додека Малиновски на почетокот на вториот дел израмни на 1-1.
Копмајнерс набрзо ги врати гостите во водство (2-1), а во завршницата стрелаа Ѕапакоста и Туре за конечни 4-1.
Аталанта има 42 бода на четвртата позиција во Серија А, додека Џенова остана на 12. место со 29 бодови.
