Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Аселборн: Северна Македонија оди во правилна насока
Македонија

Аселборн: Северна Македонија оди во правилна насока

13/09/2023

AA

Северна Македонија го реши проблемот со името и штом постои решение, можеме да кажеме дека оди во правилна насока и можеме да прифатиме дека постои почеток на преговори со Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн по средбата во Атина со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис.

Аселборн и Герапетритис на заедничката прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање говореа за европската перспектива на Западен Балкан, а министерот за надворешни работи на Луксембург се осврна на напредокот на секоја од земја поеднечно и паралелно порача дека 20 години по Солунската агенда, должност и предизвик за ЕУ е да ги прифатиме овие земји.

-Балканот е двор на Европа, не е ниту на Саудиска Арабија, ниту на Русија, ниту на Турција, ниту на Кина. Треба да ги охрабриме балканските земји да го направат она што е изводливо,доколку сакаат да станат членки на ЕУ. Секоја земја има различни предизвици за решавање. Нивната иднина, за нивната младина го велам тоа, е во рамките на ЕУ. Па така, ќе треба да направат сè за да станат членки, бидејќи сега сме 20 години по Солун, рече Аселборн.

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на регионот, објаснувајќи дека секоја земја има свои посебни карактеристики и мора да се почитуваат и условите поставени од институциите на Европската унија, а се осврна и на денешната средба со заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија.

-Денеска имав можност да разговарам со вицепремиерот на Северна Македонија за прашањата поврзани со проширувањето на Западен Балкан и особено со соседната земја, да ги констатираме прашањата што се појавуваат и да го пренесам темелниот став на нашата земја дека начелно се стремиме и ја охрабруваме интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европското семејство, порача Герапетритис.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy