
Артета ги шокира навивачите: Сакав да заминам од Арсенал!
Артета беше среќен поради триумфот против „граѓаните“, но призна дека размислувал да замине од лондонскиот гигант.
„Во првите неколку недели откако Манчестер сити стана шампион ми беше навистина тешко. Прво што мора да направите е да се погледнете во огледало и да се прашате дали сте можеле да направите нешто подобро? Не бев сигурен и размислував. На крајот заклучив дека сè уште сум човек кој може да му помогне на Арсенал да напредува“, вели Артета.
„Топчиите“ минатата сезона во еден момент имаа осум бодови предност пред актуелниот првак, но екипата на Пеп Гвардиола го освои пехарот во Премиерлигата.
