Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Нема да се откажам, ќе издржам поради принципите во кои лично верувам
Македонија

Арсовска: Нема да се откажам, ќе издржам поради принципите во кои лично верувам

04/02/2023

AA

Од самиот почеток на мојот мандатот почна процесот на ветинг, со цел градската администрација и јавните претпријатија да поминат низ една постапка, во која ќе имаме можност да вршиме поголема контрола во делот на превенција на коруптивното однесување, вели во интервју за МИА градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која смета дека еден од најдобрите начини за справување со оваа негативна појава е трансформирањето во делот на дигитализацијата и сведување на минимум на човечкиот фактор во одлучувањето за клучните процеси за граѓаните.

Арсовска вели дека отпочнале со серија процеси, кои водат во таа насока и го наведе проектот Смарт Скопје, плановите сите процеси да бидат дигитализирани, со што, како што посочи, ќе се намалат можностите за корупција.

За тоа како ќе продолжи со спроведување на своите политики, со оглед на нејзините несогласувања со советниците од партијата ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа нејзината кандидатура, но потоа дојдоа и разликите и отворените судири дури и со лидерот на партијата, таа вели дека е избрана од граѓаните, како и советниците од сите политички партии и дека и таа и тие одговараат пред граѓаните за она што го ветиле пред да дојдат на овие позиции.

Во целиот склоп на политичко-урбанистички турбуленции, економско-енергетската криза, заканите и тврдењата дека нема да може да го издржи мандатот до крај, таа вели дека нема да се откаже и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.

Арсовска нагласува една година по стапувањето на функцијата отпочнати се проекти коишто се важни за граѓаните, со посебен фокус на животната средина и просторното планирање и во насока Скопје да биде хумано место и согласно желбите и барањата на граѓаните.

Од проектите коишто се во тек, градоначалничката како посебно значајно го наведе обезбедувањето на функционален, ефикасен и пред се еколошки јавен превоз, а заедно со тоа и активности насочени кон системско решавање на проблемите поврзани со загадувањето.

– И покрај тоа што преземавме навистина сериозен број на активности во оваа насока, гледаме дека се додека немаме комплементарен сет на мерки за да го елиминираме загадувањето, тоа се решава многу тешко, рече Арсовска.

Поврзано со нејзината работа по мината една година на градоначалничката функција, таа говори и за чистењето на дивите депонии, за работата на администрацијата на Градот Скопје и за тоа како планира да ги реализира проектите кои ги вети во нејзината изборна програма.

Градоначалничката Арсовска во интервју за МИА говори и за прашања поврзани со нејзиното разрешување од претседателската функција во ЗЕЛС, како и за јавниот превоз, градежниот хаос во главниот град, последните случувања во МКЦ…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy