
Арсовска: Не дозволуваат нови камиони, ниту поправка на старите, со авионите на Стојанче ли да го собирам ѓубрето?
Градоначалничката Данела Арсовска секој ден е активна на друштвените мрежи и одговара на прашања кои ги поставуваат скопјани. Утрово одговори и на прашањето зошто градот не е исчистен.
Прашање од скопјанец: Ало земи градот исчисти го и среди го пола народ не те знае не сме те виделе 4 години…
Арсовска одговори: Претседателката на комунална хигиена што ја стави вмро/влен е 2 пати осуден криминалец. не дозволува нови камиони не дозволува поправки на старите. како да ти го собираат ѓубрето, со авионите на стојанче?