Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јапонија испушта радиоактивна вода од Фукушима во океанот, се согласува и Јужна Кореја
Македонија

Јапонија испушта радиоактивна вода од Фукушима во океанот, се согласува и Јужна Кореја

07/07/2023

AA

Јужна Кореја во петокот соопшти дека планот на Јапонија за ослободување на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима ги исполнува глобалните безбедносни стандарди и е во согласност со упатствата на надзорното тело на ОН што го одобри.

Јапонија планира наскоро да започне со испуштање во океанот повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода, која досега беше складирана во нуклеарна централа северно од Токио и главно се користеше за ладење на реакторите уништени во цунамито во март 2011 година.

Јапонија се соочи со отпор кон таков план и дома и во странство, особено во Јужна Кореја, и покрај уверувањата дека водата, откако ќе се филтрира за да се отстранат повеќето изотопи, е безбедна.

„Концентрација на радиоактивен материјал што овозможува испуштање на пречистената вода во океанот“

Но, јужнокорејскиот министер Банг Мун-кју денеска им изјави на новинарите дека врз основа на повторното испитување на јапонскиот план, може да потврди дека концентрацијата на радиоактивен материјал е таква што овозможува испуштање на пречистената вода во океанот.

„Планот ги исполнува меѓународните стандарди, вклучително и оние пропишани од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, рече министерот.

Повикувајќи се на МААЕ, јужнокорејскиот министер рече дека водата ќе има „незначително радиоактивен ефект врз луѓето и животната средина“.

Во проценката на штетите учествуваа експерти од 11 земји, меѓу кои и експерти од самата Јужна Кореја, САД и Кина.

Но, јужнокорејската опозиција ја критикуваше владата дека се согласила со планот и смета дека таа требало да го изведе случајот пред Меѓународниот трибунал за право на морето.

Покрај тоа, кинески експерт кој учествуваше во проценката рече дека е разочаран од „избрзаниот“ извештај и се очекува дека Пекинг ќе продолжи да се спротивставува на планот.

Исто така, иако Јужна Кореја даде согласност да ја испушти оваа вода во океанот, забраната за увоз на храна и морски плодови од регионот каде што се наоѓа Фукушима сè уште останува на сила.

Контаминираната вода беше третирана со методот ALPS преку систем за филтрирање кој го отстрани најголемиот дел од радиоактивниот материјал. Сепак, не постои практичен начин да се отстрани тритиумот, радиоактивен изотоп на водород.

Тритиумското зрачење, кое има полуживот од 12,3 години, може да биде опасно по здравјето, но Јапонија тврди дека радиоактивни дози во водата ослободена од Фукушима ќе бидат помали од една четириесеттина од меѓународните безбедносни стандарди, што е една седмина од количина која Светската здравствена организација (СЗО) ја постави како стандард за вода за пиење.

Речиси 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за полнење на 500 олимписки базени, моментално се складирани во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима по цена од речиси една милијарда долари годишно.

Експерти од компанијата TEPCO која управува со нуклеарната централа и владата на Јапонија потврдија дека од радиоактивната вода не може да се отстрани само тритиум, кој во мали количини, по планираното разредување, нема да биде штетно за животната средина и за здравјето на луѓето.

TEPCO исто така наведува дека количината на сите други радиоактивни материјали во водата може да се намали на прифатливо ниво, но многу научници предупредуваат дека долгорочните штетни ефекти од ослободувањето на големи количини радиоактивна вода врз морскиот живот не се познати.

Несреќата во Фукушима се случи на 11 март 2011 година, по силниот земјотрес со јачина од 9 степени и цунамито.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
Македонија

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна

16/02/2026
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41508
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy