
Јапонија ја шокира Данска, ама победничкиот гол е – ремек дело (ВИДЕО)
Голот за победа, Јапонките го постигнаа на пет секунди пред крајот по можеби најатрактивната акција не само на овој натпревар, туку воопшто на шампионатот. Данска немаше време да одговори и јапонските ракометарки се израдуваа на големиот триумф.
Со оглед на тоа што не пренесе бодови во главната фаза, за Јапонија ова е прва победа која ѝ се брои во конечниот пласман. Данска ја испушти лидерската позиција во групата и сега заостанува за Германија која е на чело.

