
Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот
пелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, со што ќе треба да издржи казна затвор во траење од 18 години. Жалбите на Клементина Лефковска и Андреј Костовски се делумно уважени, со што Клементина ќе издржи 18 години, а Костовски 16 години казна затвор, има само преиначување во досудениот износ на име нематеријална штета.
Обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т.Т., да и исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И.Т., татко на починатиот, додека на Б.Т., брат на покојниот, му е досудена исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Согласно пресудата при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда – соопшти Апелација.
Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.
