
Апасиев: Уставен прифати, Лога на апарати! – Лога врати: Наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што му пишува македонско/граѓанин на РСМ
Денеска Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.
На ова реагираше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Уставниот суд ја прифатил Иницијативата на Левица против ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ во изводите. Алелуја, еднаш да пресудат против етно-трибализмот кој ни ја разјадува Републиката! p.s. Кренар Лога на апарати! #ДолуТрибализмот #ДолуАнтимакедонизмот“, напиша Апасиев.
Со реакција врати и министерот за правда, Кренар Лога.
Лога порача дека Апасиев наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што во лична карта му пишува македонско/граѓанин на РСМ.
