Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Антикорупционерката Димитровска одлучи да не поднесе оставка – Стојановиќ е мој семеен пријател!
Македонија

Антикорупционерката Димитровска одлучи да не поднесе оставка – Стојановиќ е мој семеен пријател!

30/04/2025

AA

Татјана Димитровска, претседателка на Комисијата за спречување на корупција, одлучи да не поднесе оставка, иако беше опфатена во предметот „Адитив“. Таа изјави дека останува на својата позиција, по пет дена откако беше објавено дека се сомничи дека оддала службена тајна. Според обвинителството, таа била во контакт со поранешниот директор на ТЕЦ Неготино преку апликациите „Вибер“ и „Ватс ап“, а доказите за ова се пронајдени на неговите вештачени телефони. Димитровска сега објаснува дека истиот поранешен директор е семеен пријател.

„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена. Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, вели Димитровска.

„За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025
Македонија

„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за

13/12/2025
Македонија

Сообраќајот по една лента на автопатот Гостивар-Тетово

13/12/2025
Македонија

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025
Македонија

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15

13/12/2025
Македонија

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“

13/12/2025
Македонија

Утре во функција ќе биде шестоседната жичара на Попова Шапка!

13/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО ШТИП И ВО КОЧАНИ Адвокатка и четворица полицајци

13/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е лишен од слобода во полициска акција. Апсењето на еден од некогашните

„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за нападите врз медиумите

13/12/2025

Здружението „Онлајн медиа“ остро ја осуди прес-конференцијата на СДСМ, на која партискиот портпарол јавно ги дискредитираше медиумите членки на здружението

Сообраќајот по една лента на автопатот Гостивар-Тетово

13/12/2025

АМСМ информира дека од 20.05 часот на Автопат Гостивар-Тетово после клучка Камењане,  сообраќајот се одвива по 1 сообраќајна лента и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy