
Јанкулоска: После 5 години Европскиот суд донесе одлука дека Јанакиески незаконски бил држен во притвор, но ништо не може да го надомести изгубеното време
Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се Миле Јанакиески и неговото семејство.
Таа вели дека на денешен ден на Миле Јанакиески за прв пат му бил определен притвор.
„Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода. Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време.“, порача Јанкулоска.

