
Ангеловски: Машкоста ја извадивме на терен!
Ангеловски се заблагодари на публиката и рече дека во сабота очекува уште поинтересен меч против Црногорците.
„Добро е што публиката дојде во голем број, добро е да се игра пред домашни навивачи. Дојдете во сабота повторно, во сабота ќе биде уште поинтересно. Мислам дека ќе одиме понатаму, но велат прва скокни па кажи оп“, вели Ангеловски.
„Публиката ни помогна, машкоста ја извадивме на терен. Се држевме до тактиката која ни ја даде селекторот, не лутавме и резултатот дојде, 3-1“.
„Како против Црна Гора? Ќе видиме. Ако ме прашувате мене, сакам сите да ги победиме. Но ќе видиме. Црногорците имаат изменет состав, имаат некои млади играчи. Мислам дека се на пониско ниво од Данска“.
