Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Финансиската писменост како еден од предусловите за финансиска самостојност на младите и за стабилност на финансискиот систем
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Финансиската писменост како еден од предусловите за финансиска самостојност на младите и за стабилност на финансискиот систем

21/11/2023

AA

Една од лекциите научени од Глобалната финансиска криза во 2008 година е дека соодветната финансиска писменост на населението претставува предуслов и за стабилноста на целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од прекумерно задолжување и неможноста за отплата на обврските кон финансиските институции. Со оглед на тоа дека финансиската стабилност е една од целите на централните банки, во изминатава декада тие станаа значајни двигатели на процесот на финансиска едукација во светски рамки, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на настанот „Како до финансиска независност кај младите?“, организиран од страна на „Клуб Алпбах Македонија“. Гувернерката истакна дека подобрувањето на финансиската писменост и инклузијата, од 2021 година, е еден од стратегиски приоритети на Народната банка, како и дека се преземаат голем број активности и мерки за оваа цел. Во рамките на истиот настан, учествуваше и главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, говорејќи на панел-дискусијата за политиките за унапредување на финансиската независност и самостојност кај младите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи на одредени понови истражувања, како она спроведено од страна на ОЕЦД-ИНФЕ во 2019 година коешто покажува дека финансиската писменост кај нас е на слично ниво со земјите од регионот на ЈИЕ. Кога станува збор за финансиската инклузија, според глобалната база на податоци на Светската банка „Финдекс“, во последниве години финансиската вклученост во земјава според повеќе показатели напредува, но сепак и натаму заостанува зад еврозоната. Притоа, јазот во поглед на возраста е особено видлив. Па така, кај младите лица од возрасната група од 15 до 24 години, иако во последните десетина години (помеѓу 2011 и 2021 година) поседувањето сметка е пораснато на 74%, сепак е далеку под просекот во еврозоната од 95%. Податоците исто така покажуваат дека 46% од младите кај нас имаат дебитна картичка, наспроти 86% во еврозоната, додека, пак, процентот на млади кои штедат во финансиска институција е 15%, наспроти 60% во еврозоната. Во однос на дигиталното плаќање, пак, процентот на младите во еврозоната кои го направиле е 92%, а кај нас изнесува 60%. Од тие причини, Народната банка посветува големо внимание и вложува напори за подобрување на финансиската писменост и инклузија, особено кај младите, имајќи предвид дека само личност со добро финансиско образование може да ги подобри изгледите за постигнување на сопствените финансиски цели, но и да придонесе за економијата во целина. За таа цел се редовните предавања наменети за младата популација кај нас, вклучително и за децата од предучилишна возраст, коишто во последните две години се дури тројно пообемни.

Во обраќањето на гувернерката беше истакнато значењето на координираниот пристап на финансиските институции и воопшто, на сите општествени чинители, во активностите за подигнување на финансиската писменост и инклузија во земјава, како предуслов за финансиска стабилност и економски раст. Активностите започнаа пред десет години со формирањето на Координациското тело за финансиска писменост и финансиска инклузија, со кое раководи Народната банка, а во него членуваат сите финансиски регулатори. Притоа, активностите особено се засилија во изминативе неколку години преку носењето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија на иницијатива на Народната банка, усвојувањето на Кодексот на добри практики за финансиска едукација и на Основните компетенции на финансиската едукација, како основа при изготвувањето едукативни програми. Гувернерката посочи дека Народната банка секоја година организира предавања за стотици ученици и наставници, а подготвува и едукативни материјали и публикации. За да се зајакне институционалната заштита на граѓаните при користењето на финансиските услуги, на крајот на 2021 година е формирана и посебна дирекција при Народната банка којашто се грижи за заштита на корисниците на банкарски услуги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42398
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy