Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Ако се предвидени одредени зголемувања што можат да значат поттикнување на јавната потрошувачка треба внимателно да се пристапи
Македонија

Ангеловска-Бежоска: Ако се предвидени одредени зголемувања што можат да значат поттикнување на јавната потрошувачка треба внимателно да се пристапи

16/05/2023

AA

Генерално доколку се предвидени одредени зголемувања коишто можат да значат поттикнување на јавната потрошувачка и евентуално притисок врз ценовното ниво, треба внимателно да се пристапи, изјави денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одговарајќи на прашање дали зголемувањето на платите во јавниот сектор може да има импликации врз инфлацијата и врз дефицитот.

-За тоа Министерството за финансии би можело да каже ние не знаеме точно што е предвидено и дали има простор за обезбедување на тие средства во Буџетот. Секако генерално доколку се предвидени одредени зголемувања коишто можат да значат поттикнување на јавната потрошувачка и евентуално притисок врз ценовното ниво, треба внимателно да се пристапи како што посочиле и од Министерството за финасии. Ние ги вградуваме во нашите проекции сите информации што ги имаме, секако прудентноста на политиките е од исклучително значење во овие периоди во кои неизвесноста е се уште висока, рече Ангеловска-Бежоска.

Таа уште еднаш посочи дека проценка би можеле да направат колку може тоа да влијае врз инфлацијата, но по консултации со Министерството.

Министерот за финансии Фатимир Бесими вчера на брифинг со новинарите истакна дека сега не е најповолно време за усогласување и зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и препорача зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година. Според него, платите во јавниот сектор треба да растат ако расте продуктивноста и ако се зголемат платите во реалниот сектор.

-Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување на плати може да се донесе побрзо, рече Бесими на средбата со новинарите.

Неодамна Уставниот суд укина одредба од Законот за плати за коефициентите на плати со која се овозможи на јавно избраните функционери да им се зголемат платите за 78 отсто. Одредбата за коефициентите на плати донесена во 2012 година пред Уставниот суд беше оспорена од адвокат. Со неа покрај функционерите во Владата се опфатени и пратениците, градоначалниците, судиите,…, и другите избрани лица.

Бесими вчера потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд, според што за април му се исплатени 125.960 денари, а досегашната плата му била 71.145 денари. Зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1.060 функционери, а за таа намена годишно од Буџетот ќе се трошат 960 милиони денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy