Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов вели обесштетувањето не е во надлежност на ЦУК: Во Делчево немаше загрозени човечки животи!
Македонија

Ангелов вели обесштетувањето не е во надлежност на ЦУК: Во Делчево немаше загрозени човечки животи!

10/06/2023

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира работата на институциите. Се слушнав со градоначалникот на Делчево и веднаш нашите служби, дежурниот оперативен центар на ЦУК, стапи во комуникација со службите на Општина Делчево. Од градоначалникот беа побарани пумпи за испумпување вода, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов одговарајќи на новинарско прашање што преземала институцијата за поплавите во Делчево.

Покрај контактирањето на институциите, Ангелов изјави дека разговарал и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од него побарал да испрати неколку тимови од ТТПЕ.

– Тој веднаш испрати две екипи со пет помали пумпи и една голема пупма. Од страна на градоначалникот и заедно со ЦУК, беа контактирани сите соседни општини, односно оние кои беа во можност испратија свои екипи и пумпи за што ние како ЦУК и градоначалникот на Делчево сме посебно благодарни, информира Ангелов, додавајќи дека се работи за општините Кочани, Берово и Виница.

Според него, ваква штета претрпеа жители на повеќе општини и посочи дека вакво време не очекува и во следните десетина дена.

Ангелов потсети дека на 15 мај предупредиле дека следат поројни дождови, кои можат да предизвикаат локални поплави.

– Предупредивме дека атмосферската и фекалната канализација, колку и да се солидно направени, нема да успеат да ја примат таа вода поради тоа што може да дојде до поплавување на улиците, на подрумсите простории, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК рече дека сите примарни канали се чисти, немало застој кај ниту еден голем канал, а и секундарните канали се во добра состојба. Во Делчево, како што рече, пред две години имаше целосна санација, таму има нова фекална и атмосферска канализација, но се покажа дека пак не е доволна.

Прашан за надоместување на штетата за жителите на Делчево, Ангелов рече дека локалната самоуправа формира општински комисии кои ја утврдуваат штетата, излегуваат на терен и потоа проценетата штета ја испраќа до второстепена комисија на Влада, во која има претставници од сите институции. Таму се утврдува штетата, потоа во обесштетувањето делумно може да учествува Владата, но дел од имотите, како што рече, однапред се осигурани.

– Ова е прашање кое треба да се упати до Владата, бидејќи делот на обесштетување не е во наша надлежност. Наша надлежност е спасување човечки животи, заштита на животот и здравјето на луѓето, нагласи Ангелов.

Тој потенцира дека во Делчево немало загрозени човечки животи, иако поплавите беа, како што рече, малку посериозни бидејќи во некои објекти и во една државна институција имаше без малку еден метар вода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41539
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА Министерот Мисајловски за безбедносните прашања

16/02/2026

Министерот за одбрана Владо Мисајловски ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, истакнувајќи дека конфликтот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy