Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Нашиот правец е добар, добрососедските односи немаат алтернатива
Македонија

Ангелов: Нашиот правец е добар, добрососедските односи немаат алтернатива

02/03/2023

AA

Република Северна Македонија има можност да почне вистински преговори со ЕУ, по исполнувањето на нејзините обврски усвоени од Парламентот и од Советот на ЕУ. Улогата на евроинтеграцискиот процес е важна, се работи за модернизирање на општеството, владеење на правото, екологијата, одбраната, образованието…, изјави вечерва бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на одбележувањето по повод Националниот празник на Бугарија.

Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.

-Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, рече Ангелов.

Тој кажа дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.

-Ова е можно само преку остварување средби и контакти – потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари. Соочени сме пред нови предизвици – агресијата на Русија врз Украина, ние остро ги осудуваме овие дејствија. Војната покажа дека беше од голема важност членството на Република Северна Македонија во НАТО, нешто што Бугарија безусловно го поддржа, кажа Ангелов во обраќањето по повод Националниот празник на Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy