Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов на состанок за отпорност во седиштето на НАТО во Брисел
Македонија

Ангелов на состанок за отпорност во седиштето на НАТО во Брисел

08/11/2023

AA

Вчера, 7 ноември 2023 година, во Седиштето на НАТО во Брисел, Белгија, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претседаваше со Вториот состанок на високите национални претставници на Алијансата одговорни за отпорност. Република Северна Македонија ја претставуваше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Украинската вицепремиерка Олха Стефанишина виртуелно од Киев им се обрати на Сојузниците и ја нагласи клучната улога на националната отпорност во одбраната од вооружени напади. На состанокот исто така од страна на високи претставници од Европската служба за надворешни работи се споделија  информации како и помагаат на Украина да ја зајакне својата отпорност.

Генералниот секретар на НАТО ја потенцираше важноста на колективната отпорност за справување со целиот опсег на закани со кои се соочуваме, од пандемии и климатски промени до вооружени конфликти. Сојузниците разговараа за предизвиците за отпорноста во евроатлантската област, вклучително и пошироките импликации од руската воена агресија врз Украина. Беше истакната потребата за зголемена општествена отпорност и поефикасна соработка меѓу цивилниот и воениот сектор, како и во  целата влада.

Овој Втор состанок на високите сојузнички претставници за отпорност следи по одобрувањето на целите за отпорност за 2023 година од страна на лидерите на НАТО Самитот во Вилнус. Генералниот секретар ги повика Сојузниците да продолжат со нивната работа за преточување на целите за отпорност на Алијансата во национални цели за отпорност и во планови за имплементација.

Годишните состаноци на високите претставници за отпорност беа воспоставени како дел од НАТО 2030 агендата за подобра координација на напорите за национална отпорност и зајакнување на консултациите во рамките на НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат

20/02/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се

20/02/2026
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
Македонија

Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да

20/02/2026
Македонија

ВОЗАЧОТ МОРА ДА ПРОЦЕНИ ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАТНЕ РАСКРСНИЦАТА За

20/02/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41691
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат од училишниот објект

20/02/2026

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се вработуваат најдобрите кандидати, нема веќе

20/02/2026

Докторите на клиниките ќе можат да работат до 70-годишна возраст и да ја задржат пензијата со цел да се искористи

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy