Ангелов: Има 100 тони бои и лакови, постои опасност објектот да се сруши
Граѓаните да останат дома бидејќи лош е квалитетот на воздухот. Ова предмалку го изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
„Во фабриката имало можеби и 100 тони бои и лакови сопственикот не знае колку точно, но станува збор за голема количина. Постои опсност зградата да се сруши поради високата температура“, изјави Стојанче Ангелов од местото на пожарот.
Тој побарал од Министерството за животна средина да донесат мобилна станица за мерење на квалитетот на воздухот, но министерката го известила дека во моментов не поседуваат таква, па Ангелов се обратил до Армијата и единицата за атмоско и хемиско оружје.
Блокирани се сите локални патиша кои водат кон фабриката бидејќи има опасност од рушење на објектот и ѕидовите.
На терен интервенираат пожарникари од Тетово и Гостивар, а на на пат се пожарникари од Куманово и Велес.