Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Делот со електронскиот отпад ќе го изолираме и ќе го гасиме со песок
Македонија

Ангелов: Делот со електронскиот отпад ќе го изолираме и ќе го гасиме со песок

13/09/2025

AA

Додека пожарникарите и помошните екипи се борат со огнот во фабриката за рециклирање отпад во скопската населба Трубарево, со нови информации за состојбата излезе и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Ангелов појасни дека пожарот не зафаќа само еден вид материјал, туку се работи за комбинација. „Дел од пожарот зафаќа дрва, даски, пластика и друг горлив материјал“, изјави Ангелов.

Тој додаде дека еден од најголемите предизвици е делот каде што се наоѓа електронскиот отпад, кој бара посебен пристап за гаснење. За да се спречи ширењето на огнот и да се обезбеди ефикасно гаснење, донесена е одлука тој дел да се изолира и да се гаси со песок.

„Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад ќе го изолираме и ќе го гасиме со песок. Во секој момент ќе пристигне голема количина песок“, истакна Ангелов.

Овие информации доаѓаат како дел од координираните напори на сите служби на терен, вклучувајќи ги пожарникарите, Центарот за управување со кризи, ТАВ Македонија и Окта, кои веќе се вклучија со специјализирана опрема. Напорите продолжуваат со цел пожарот што побрзо да се стави под целосна контрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy