Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јаневска: Вработените во училиштата во два наврати добија зголемување на платите, во октомври 2024 и во март 2025 година
Македонија

Јаневска: Вработените во училиштата во два наврати добија зголемување на платите, во октомври 2024 и во март 2025 година

30/04/2025

AA

Образованието и науката годинава го добија најголемиот буџет досега. Со 620 милиони евра, за речиси 100 милиони повеќе од минатата година, се зајакнуваат основните столбови кои го детерминираат квалитетот на воспитно – образовниот процес и ја стимулираат научно истражувачката дејност. За краток период направени се крупни промени, од кои поголемиот дел беа поздравени од јавноста. Постојат и критики и тие ги прифаќаме како добронамерни сугестии и поттик за редефинирање и оптимизирање на одредени решенија.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот 16. состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, на кој присуствуваа претставници на ресорните министерства и други владини институции, Делегацијата на Европската унија, Канцеларијата на УНИЦЕФ и повеќе невладини организации. Тема на дискусија беа реализираните активности во овие области во изминатите неколку месеци и поттикнување на нови заеднички иницијативи во следниот период.   

„Обезбедивме повеќе пари на сите ставки, па така и за инфраструктурата. Во моментов градиме 7 нови училишни објекти, 20тина постојни реконструираме. Се градат 4 нови спортски сали и се реконструираат два студентски дома. Вредноста на овие активни инвестиции е 32 милиони евра“, рече Јаневска посочувајќи дека формирани се и два нови регионални центри за стручно образование и обука. Сега се вкупно седум и сите ќе бидат модерно опремени преку програмите и фондовите на ЕУ.

Квалитетот на наставата во основните и средните училишта се подобрува и преку етапна изработка на нови наставни програми и учебници, а учениците од септември ќе имаат учебници по странските јазици, кои цели 6 години недостасуваа.  

Во контекст на поквалитетна настава е владината иницијатива за воведување на едносменско работење во сите училишта. 150 веќе го прифатија овој концепт, а процесот ќе биде забрзан и преку оптимизација на училишната мрежа, која предвидува спојување на ученици од подрачни училишни објекти со учениците од централните училишта. За целосна оптимизација потребна е изградба на околу 300 училници и 70 санитарни јазли, во вкупна вредност од над 8 милиони евра и од особена важност ќе биде поддршката од партнерските меѓународни организации.

Јаневска потсети дека вработените во училиштата во два наврати добија зголемување на платите, во октомври 2024 и во март 2025 година, вкупно за над 12%. Платите пак на универзитетските професори од јануари годинава пораснаа за 14%, а на административниот кадар за 8%.

Министерството објави конкурси за распределба на 5,5 милиони евра на високообразовните и научните установи и МАНУ за подобрување на научно – истражувачката инфраструктура и реализација на иновативни проекти.

Министерката рече дека интензивно се работи на јакнење на законската регулатива и дека досега во време на нејзиниот мандат усвоени се 5 нови законски решенија, а неколку се изменети во насока на обезбедување повеќе права и можности за засегнатите. Се подготвуваат и нови закони за високо образование и за научно – истражувачка дејност.  

Добрата соработка на МОН и младинските организации, резултираше со унапредување на младинскиот стандард, особено стандардот на студентите. Во изминатите неколку месеци се обезбедени средства за да имаат бесплатен јавен превоз во главниот град, проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк, олеснети се критериумите за користење на одредени стипендии и дигитализирани се постапките за остварување на сите студентски и ученички права во надлежност на министерството.   

„Ветивме интензивни контроли на работењето на високообразовните и научните установи. Резултатот е 13 затворени приватни научни институти и високостручни школи, дел поради неактивност, дел поради недоследна примена и почитување на законската регулатива“, рече Јаневска, додавајќи дека образованието фаќа добар правец и се подигнува драстично опаднатиот квалитет, поради негрижата во минатото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy