Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанев: Дејан Јованов систематски ги игнорирал законите – бил подготвен да направи сѐ за профит, опасноста не го интересирала!
Македонија

Јанев: Дејан Јованов систематски ги игнорирал законите – бил подготвен да направи сѐ за профит, опасноста не го интересирала!

19/11/2025

AA

Обвинителот Борче Јанев во воведното излагање пред Судечкиот совет го посочи сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, како централна фигура во синџирот на пропусти и злоупотреби што довеле до најголемата цивилна трагедија во поновата македонска историја.

Според обвинителството, Јованов две децении го водел клубот во правен и безбедносен хаос, игнорирајќи прописи, избегнувајќи инспекции и обезбедувајќи „штит“ во институциите преку блиски лица, роднини и соработници.

„Опасноста никогаш не го интересирала,“ рече обвинителот.

„Димензијата на преземените дејствија и обемот на пропусти кај овој човек се шокантни и запрепастувачки. Тој бил подготвен да направи сѐ за профит и материјална корист.“

Јанев најави дека доказите ќе покажат цела низа намерни избегнувања на обврските, од непостоење основна документација, до одбегнување редовни контроли.

Обвинителството тврди дека „Пулс“ со години работел без дозвола за угостителска дејност, без одобренија за сценска опрема, без евакуациски план, без техничка документација и без минимални противпожарни мерки.

„Сите документи кои морал да ги има, не ги обезбедил, затоа што никој не му ги побарал,“ истакна Јанев.

Во излагањето беше нагласено и дека Јованов никогаш не поднел барање за легализација, ниту постапил по ниту една предупредувачка забелешка од институциите.

Обвинителот со сериозни зборови опиша како сопственикот формирал мрежа на поддржувачи околу себе.

„Во најтесна закрила до него биле неговиот кум, неговиот брат, па дури и сопственото дете. Сите впрегнати да ја одржат оваа незаконска конструкција,“ рече тој.

Јанев најави дека доказите ќе го потврдат и влијанието на лица кои, како што рече, му служеле како „консултанти, посредници и обезбедувачи“ во институциите.

Според обвинението, Јованов свесно продолжил да работи во објект кој не ги исполнувал ниту најосновните стандарди.

„‘Пулс’ бил смртоносна стапица. Патот кон пропаста бил одамна исцртан. Тој го знаел тоа, можел да го спречи, морал да го спречи – но не сакал,“ рече обвинителот.

Јанев заклучи дека Јованов не бил човек кој успеал да го „надмудри“ системот, туку дека го користел системот кој веќе бил девастиран.

„Не успеал да го преврти системот – тој само ни покажа каков систем сме имале. Или поточно, каков систем немало,“ истакна обвинителот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за

03/03/2026
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42189
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за македонските сили

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од касарната Илинден во Скопје порача дека е од клучно значење сите 32

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy