Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јандроковиќ за напредокот на Македонија во ЕУ: Остварете ги реформите, тоа ќе биде во корист на државата
Македонија

Јандроковиќ за напредокот на Македонија во ЕУ: Остварете ги реформите, тоа ќе биде во корист на државата

06/03/2025

AA

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши изјави дека Македонија ја има поддршка и понатаму да продолжи на евроинтегративниот пат и да ги реши препреките.

-Да се оствари уште подлабоко партнерство и пријателство меѓу нашите земји што е добро за двата наши народа. Вие знаете, ги потврдувам зборовите на претседателот Гаши дека Република Хрватска е силен поддржувач на Република Северна Македонија. Знам дека се соочувате со проблеми. Знам дека вашето членство во НАТО беше исполнето со препреки, и дека сè уште се соочувате со одредени препреки кон патот на ЕУ. Можам да кажам дека членството во ЕУ има геополитичко значење. Тоа донесува сигурност. Се разбира, на тој пат вашата земја ќе мора да помине низ процес на реформи што е добро затоа што и Хрватска го помина тоа, рече Јандроковиќ.

Ве охрабрувам, нагласи спикерот на хрватскиот Сабор, да продолжите на тој пат, да дадете се од себе затоа што тоа, како што рече, ќе биде во корист на државата.

Јандроковиќ вели дека политичките односи меѓу нашите две држави се извонредни, исто како што е економската соработка бидејќи, како што рече, стоковата размена меѓу двете држави постојано расте.

Гаши нагласи дека во фокусот на нивниот состанок било зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка преку заедничките парламентарни групи кои се формирани во двата законодавни дома. Размената на искуства, идеи и идентификацијата на полињата за соработка, додаде тој, се клучни чекори во зајакнувањето на нашите врски.

-Хрватска беше и останува силен и постојан поддржувач на европската перспектива на нашата држава. Силно верувам дека Хрватска е примерот од кој можеме да научиме како да ги спроведеме реформите и интегративниот процес во ЕУ. Потсетувам дека двете земји во истата година го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а денес Хрватска веќе 12 години е полноправна членка, додека за жал, Северна Македонија заостанува во овој процес поради добро познатите пречки. Свесни сме дека има уште работа реформи што треба да се спроведат и прашања кои треба да се решат. Но со сојузници како Хрватска и другите од ЕУ веруваме дека овој процес ќе биде успешен за нас исто како што беше и за Хрватска. Реформската агенда и планот за раст на Западен Балкан се важни и охрабрувачки елементи кои сведочат за ангажманот на ЕУ во поддршка на нашата интеграција и земјите од регионот, рече спикерот Гаши.

Оваа средба, како што потенцира Гаши, исто така беше одлична можност да потврдиме дека нашите сојузништво е уште посилно преку соработката во рамките на НАТО каде нашите земји активно учествуваат во мисиите за зачувување на мирот и безбедноста, како заеднички демократски вредности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy