Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андреа Серафимовски: Само стабилизација, нема намалување на цените на становите
Економија

Андреа Серафимовски: Само стабилизација, нема намалување на цените на становите

14/03/2024

AA

Андреа Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништво, како гостин во емисијата „Аргумент Плус“ на ТВ24 рече дека до Нова година ќе претстои период на стабилизација на цените на становите, но и дека нема да има поевтинување.

„Најмал процент на покачување имаат гипсените материјали и изолациите , но и тие се поскапени до 30 проценти. Со оглед на тоа што има и други варијабилни трошоци, можеме да очекуваме стабилизација на цена која сепак ќе биде 30-40 отсто повискоа цена од пред пандемијата.

Во Охрид и Центар нема повеќе Мораториум, но голема е побарувачката, а мала е понудата. Не можеме да очекуваме намалување на цените, но може да се очекува стабилизација

Во Битола не беше пробиена цената од  1.000 евра по метар квадратен, сега се движи до 1.200. Во Охрид во центарот е по 1.800 и таму е побарувачката поголема од понудата. Но и во општините како Гази Баба, во Маџари беше 700-800 евра, сега е пробиена бариетата од над 1.000 евра“, рече директорот на „Гранит“.

Иако има многу празни станови, според Серафимовски во земјата нема многу можности за инвестирање кај граѓаните, а една од сигурните инвестиции е вложувањето во недвижности.

„Еве сега гледате дека тој што вложил пред ковидот, сега има имот кој вреди 30  до 40 отсто повеќе. Тука се креира додатна вредност ако вложувате“, вели тој.

Според Серафимовски нема премолчен договор меѓу инвеститорите да се држи цената висока.

„Цена на метар квадратен е 5.000 евра во Белград, во Атина 6.000. Нема премолчен договор. Се додека има граѓани кои можат да ја платата таа цена, таа ќе важи“, смета Серафимовски.

Тој додаде дека во меѓувреме, освен материјалите, поскапеле и комуналиите, па така од 120 евра по метар квадратен во Центар, сега се 170.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy