Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Анатол Кутревски во „Бизнис-клуб“: „Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки“
Економија

Анатол Кутревски во „Бизнис-клуб“: „Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки“

20/02/2025

AA

Гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во најновото тринаесетто издание на поткастот „Бизнис-клуб“ е Анатол Кутревски, втор извршен директор на „Пекабеско“ АД Скопје, кој зборува за недостигот од работна сила како сериозен проблем со кој се соочува македонската економија и за инвестициите во автоматизација во семејната фирма за да се ублажи проблемот со недостигот од работна сила.

„Инвестициите ги насочуваме кон автоматизација и обнова на старите машини од причина што се соочуваме со проблемот на недостиг од работна сила и гледаме тоа да го надополниме со инвестирање во машини со кои ќе требаат помалку луѓе за работа. Но луѓето не можат да се заменат во целост. Има мануелни процеси во кои луѓето можат да се заменат, но има и процеси во кои човекот тешко може да биде заменет“, изјави Кутревски.

Во разговорот Кутревски истакна дека намалувањето на демографијата станува сериозен проблем за државата бидејќи доведува до недостиг од работна сила, а тоа влијае врз развојот на државата. Според него, ако државата нема луѓе, ќе нема за кого да се произведува во иднина, а за компаниите, иако вложуваат во автоматизација на машините и на опремата, ќе дојде момент кога ќе нема луѓе кои би работеле со нив.

„Ќе се доведеме до ситуација многу компании во државава да одбиваат работа поради недостиг од работна сила“, изјави Кутревски.

Во поткастот со Бранко Азески, Кутревски зборува за своето образование, кое го стекнал на Американскиот колеџ во Солун, насока Бизнис-администрација, а своето магистерско звање го стекнал на Државниот универзитет во Охајо, САД. Тој истакнува дека во студиските програми на овие универзитети посебен акцент се става врз критичкото мислење и врз решавањето на проблемските задачи. Нивната цел не е насочена кон создавање дипломирани студенти со енциклопедиско знаење, туку кон тоа како студентот да размислува критички, да донесува заклучоци и да расудува за да може да реши одреден проблем и да ја донесе најдобрата одлука.

И покрај тоа што своето образование го стекнал на странски универзитети, професионалната кариера ја започнал во сопствената земја, во семејната фирма „Пекабеско“, фирма со 405 вработени, годишен обрт од 100 милиони евра и со извоз од 15 милиони евра.

Во продолжение на подкастот зборува за својот ангажман во фирмата, за нејзиниот раст и за инвестициските вложување за нејзин напредок. Но истакнува дека ако фирмата сака да расте и да го прошири своето производство на европскиот пазар, мора да има корпоративна структура и постојано да биде присутна на тие простори за да се има контрола и хиерархија која ќе го следи работењето. Според него, големо значење има и едукацијата на кадарот, па затоа тие секогаш вложуваат во неговата едукација преку внатрешни обуки во фирмата, но честопати ги користат и обуките што се нудат и преку Стопанската комора.

Запрашан зошто цената на производите постојано расте, Кутревски потенцираше дека нашата економија е увозно зависна и дека тоа влијае врз цената, но и дека ништо не се работи на тоа поле за да се подобри состојбата.

За надградба на своето образование учествувал во програмата Келог за извршни директори на Универзитетот „Нортвестерн“, организирана од Македонија 2025, што му овозможило добиените искуства да ги примени во своето работење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
Македонија

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош

16/02/2026
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41511
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела финалната верзија ќе биде доставена

16/02/2026

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и помагал 60 годишен маж

16/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош за расчистување на куќи и

16/02/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во координација со локалните власти и населението, продолжува да интервенира по пријавите за поплави

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy