Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Америка одби да и продаде Ф-16 на Турција додека на Шведска и Финска не им се дозволи влез во НАТО
Македонија

Америка одби да и продаде Ф-16 на Турција додека на Шведска и Финска не им се дозволи влез во НАТО

03/02/2023

AA

Американскиот Конгрес не може да поддржи продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција во вредност од 20 милијарди долари додека официјална Анкара не го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО, соопштија денеска група сенатори од двете партии.

Шведска и Финска аплицираа за приклучување кон трансатлантскиот одбранбен сојуз минатата година откако Русија ја нападна Украина, но се соочија со неочекувани приговори од Турција и оттогаш се обидуваат да ја добијат нејзината поддршка.

Анкара сака Хелсинки и Стокхолм да заземат построг став кон Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и Европската унија ја сметаат за терористичка група, и друга група која ја обвинува за обидот за државен удар во 2016 година.

Трите нации постигнаа договор во Мадрид минатиот јуни, но Анкара ги прекина разговорите минатиот месец по протестите во Стокхолм за време на кои екстремно десничарски дански политичар запали копија од Куранот.

Во писмото до американскиот претседател Џо Бајден, 29 демократски и републикански сенатори рекоа дека двете нордиски земји прават „целосни и добри напори“ да ги исполнат барањата за членство во НАТО што ги бара Турција, иако Анкара вели дека Шведска мора да стори повеќе.

„Откако Турција ќе ги ратификува протоколите за пристап во НАТО, Конгресот може да ја разгледа продажбата на борбени авиони Ф-16. Меѓутоа, ако не го стори тоа, ќе ја загрози оваа претстојна продажба“, напишаа сенаторите.

Тоа е првпат Конгресот експлицитно и директно да ја поврзе продажбата на Ф-16 на Турција со барањата на двете нордиски земји да влезат во НАТО.

Администрацијата на Бајден веќе во неколку наврати изјави дека ја поддржува продажбата и одби да ги поврзе двете прашања, иако призна дека ратификацијата на приемот на Шведска и Финска во НАТО ќе го олесни процесот на одобрување на продажбата во Конгресот.

Турција најави дека може да го одобри влезот на Финска во НАТО, но финскиот претседател и министерот за надворешни работи ја отфрлија идејата, тврдејќи дека безбедноста на двете нордиски земји е заемно зависна. Од 30-те членки на НАТО, само Турција и Унгарија треба да го ратификуваат членството на овие нордиски земји.

Во октомври 2021 година, Турција побара купување на 40 ловци Ф-16 од корпорацијата Локхид Мартин и речиси 80 комплети за модернизирање на постојните воени авиони.

За време на посетата на Вашингтон минатиот месец, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека прашањето на НАТО не треба да биде услов за таа продажба и ја повика администрацијата на Бајден да го убеди Конгресот да се откаже од својот приговор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy