Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Македонија

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

04/12/2025

AA

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера го одржа своето 25-то Генерално собрание, прославувајќи значаен јубилеј – четврт век работа во поддршка на развојот на домашната економија, подобрување на деловното опкружување и јакнење на партнерствата со институциите и регионалната бизнис заедница.

Настанот го отвори извршната директорка на АмЧам, Јелена Арсовска која испрати јасна порака за зрелоста и позицијата на АмЧам како еден од водечките гласови на деловната заедница. Таа истакна дека 2025 беше година на интензивна работа, продлабочени партнерства и силен дијалог со институциите – процеси што го зајакнуваат патот кон одржливо и предвидливо економско опкружување.

Пригоден говор одржа  Иван Костиќ, Претседател на Одборот на Директори, кој ја истакна трансформацијата на АмЧам во изминатите 25 години, од бизнис асоцијација до кредибилен реформски партнер кој го поддржува креирањето на фер, транспарентно и конкурентно пазарно опкружување. „Овој јубилеј е потврда на континуитетот, визијата и заедништвото со кое ја градиме економијата и заедницата што сите ја посакуваме“, истакна Костиќ, повикувајќи ги компаниите да продолжат активно да придонесуваат кон поконкурентно и европски ориентирано деловно опкружување.  Свое поздравно обраќање на настанот имаше и Дејвид Мајерс, вршител на должноста заменик-шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје.

Во рамки на работниот дел, членките на АмЧам ги усвоија годишните извештаи, ревизорскиот извештај и го потврдија приемот на нови компании-членки. Потоа, согласно статутарните правила, продолжи процесот на гласање за избор на членови на Одборот на Директори каде мандатот им беше доделен на Живко Мукаетов (Алкалоид), Огњен Лазиќ (Пивара Скопје), Драган Давитков (PwC), Александра Ивановска (Рош) и Костас Николау (Титан Усје).

По завршувањето на официјалниот дел, АмЧам организираше посебен јубилеен прием на кој присуствуваа и институционални партнери, меѓународни организации, дипломатски претставници и компании-членки. Настанот ја истакна улогата на АмЧам како платформа што ги спојува приватниот и јавниот сектор, гради партнерства и иницира структурни реформи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy