
АМБИЦИОЗНА ЦЕЛ НА БРИТАНИЈА, 500.000 Е-ВОЗИЛА ГОДИШНО: Започнува брза експлоатација на литиумот
Како дел од борбата против последиците од климатските
промени, британската влада одлучи од 2030 година сите нови возила што се
продаваат во земјата да бидат електрични.
Компаниите Imeris и British Lithium заеднички ќе го
експлоатираат литиумот од рудникот за гранит во Корнвол, а количината на литиум
карбонат од овој рудник ќе биде доволна за 500.000 електрични возила (EV)
годишно.
Проектот финансиски ќе биде поддржан од британската влада,
пренесува Sky News.
„Ова заедничко вложување ќе ја намали зависноста на Велика
Британија и Европа од увоз на важни суровини и со тоа ќе придонесе за
британските и европските климатски цели“, се вели во заедничката изјава на
двете компании.
Во соопштението се додава дека производството на литиум, кое
ќе започне кон крајот на 2028 година, ќе задоволи околу две третини од
побарувачката на Обединетото Кралство за батерии за електрични возила до 2030
година.
– Се очекува дека експлоатацијата на литиумот ќе чини
„стотици милиони евра“ – изјави шефот на компанијата Иверис, Алесандро Дака, додавајќи дека е рано да
се објави точната бројка.
– Заедничкиот проект на компаниите Imeris и British Lithium
повторно покажува дека Велика Британија се уште е атрактивна за меѓународни
инвестиции – изјави британскиот министер за трговија и бизнис, Кеми Баденох.
Инаку, уште
една британска компанија, Savannah Resources, најави ископ на литиум во
Португалија.
ФОТО: Unsplash/Darya Tryfanava
