Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска – заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“
Економија

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска – заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

14/01/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа средба со
амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Јарослав Лудва, придружуван од
раководителот на економско-конзуларниот оддел, г. Кветослав Сулек.

На средбата освен
што се разговараше за можностите за проширување на соработката во областа на
енергетиката, беа договорени и конкретни активности за реализација на две
иницијативи на министерката Божиновска: За одржување на заедничка седница на
министри од двете земји од повеќе ресори, а со цел за унапредување на
билатералните односи, како и иницијативата за воведување директна линија Скопје
– Прага.

Министерката
Божиновска и амбасадорот Лудва, ќе се заложат на седницата да се потпишат и
меморандуми за соработка во повеќе области и да разгледаат и конкретни
активности за продлабочување на економските и енергетските односи.
Дополнително, се предлага во делегацијата да се вклучени и претставници на
македонската бизнис-заедница со цел воспоставување партнерства со чешките
компании.

Министерката
Божиновска на средбата ја истакна важноста на директната поврзаност меѓу двете
земји и најави дека е задоволна што нејзината инцијатива за директна авионска
линија со Прага, добила силна поддршка од амбасадорот кој се заложил за нејзина
реализација.

„Посебно ме радува
што амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Лудва ја поддржа мојата иницијатива
за директна авионска линија Скопје – Прага. Со заедничка заложба успеавме оваа
идеја да е на пат да се реализира и во месеците што следат ќе биде воспоставена
редовна авионска линија, која ќе придонесе за олеснување на соработката во
трговијата, бизнисот и културната размена. Со тоа поставуваме нови темели за
партнерства и инвестиции.“ изјави Божиновска

Министерката и
амбасадорот информираа дека освен директната авионска линија Скопје-Прага се
разгледува и можноста за воведување и на сезонска линија Прага – Охрид, со цел
стимулирање на туристичките врски и промоција на Охрид како дестинација од
интерес за чешките туристи.

Оваа средба
претставува значаен чекор напред во градењето на силни билатерални односи и
отворање нови перспективи за соработка меѓу Чешка и Македонија, што е од
интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy