Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АлтернАтивА: Пресудата на Врховниот суд за случајот „Монструм“ ја запечатува судбината на Албанецот осуден во монтирани процеси
Македонија

АлтернАтивА: Пресудата на Врховниот суд за случајот „Монструм“ ја запечатува судбината на Албанецот осуден во монтирани процеси

16/09/2023

AA

Вчерашната пресуда на Врховниот суд со која се потврди пресудата на Апелациониот суд за казните изречени на Албанците осудени пред неколку години во процес кој јавноста и понатаму го смета за монтиран случај, уште еднаш го потврдува нашиот став, кажувајќи многу пати, дека правосудниот систем во Северна Македонија ги казнува незаштитените лица и ги наградува моќните криминалци. Доказ за тоа беше забрзаното усвојување на Кривичниот законик, со кој го спасија Никола Груевски и многу криминалци како него, истата цел го има и Предлог-законот за амнестија со кој се амнестираат некои криминалци кои и се потребни на власта за да вршат насилство и изборни малверзации.

Овде сакаме да потсетиме дека АлтернАтивА беше првата партија во политичката историја овие години која во својот договор за заедничко владеење, во ноември 2021 година, ја постави и целта на обелоденување на монтираните случаи со цел да упати писмо до Европската комисија за да испрати тим на вештаци да ги истражат тие случаи.

Меѓутоа, јавноста знае дека СДСМ го прекрши договорот, а Алијанса за Албанците, која дојде на власт по нас – иако го има Министерството за правда и повеќе од кој било ги злоупотреби членовите на семејствата за случајот „Монструм“ – дури ни не го спомна веќе овој случај. Дополнително, кога излеговме од владата, премиерот Ковачевски лансираше уште една лага, дека писмото за Европската комисија во врска со овие случаи ќе го испрати до ЕК, затоа што наводно така се договорил со пратеник Албанец кого власта го има заведено. Иако знаевме
дека е измама, ние ја поздравивме и при таа прилика побаравме од премиерот да го одржи ветувањето, но поминаа скоро 9 месеци и оваа тема
ја премолчуваат и премиерот, но и пратеникот кој се продаде на власта.
Се разбира, кој е на продажба, не може да брани ниту една кауза. Како и
да е, АлтернАтивА изразува жалење што Албанците кои лежат во затвор
заради случајот „Монструм“ продолжуваат да издржуваат доживотна казна
затвор, истовремено кога имаме министер за правда кој ги спасува
криминалците и во времето кога премиерот прави акшам-пазари со
пратениците Албанци, исто така исмејувајќи се со апсените Албанци во
монтираните случаи. И покрај ова, АлтернАтивА продолжува да смета дека
сè уште е можно да се редефинира правосудниот систем, а тоа го докажавме
со доставување на интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Јовески, за
која очекуваме претседателот на Собранието да закаже собраниска седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy