
Алкараз: Сакам да му се одмаздам на Зверев за поразот во Торино!
Зверев утре од 10.45 часот ќе се соочи против Алкараз во битката за полуфинале на првиот гренслем-турнир во сезоната.
„Секој наш меч е голема битка. Зверев ме мотивира да бидам подобар. Морам да бидам фокусиран и сакам да му се одмаздам за поразот на Мастерсот во Торино“, кажа Алкараз.
