
Алкараз: Ѓоковиќ е легенда, но не се плашам од него!
Алкараз одигра фантастичен меч против Медведев, победи во три сета и се пласираше во своето прво финале на Вимблдон, а таму за противник ќе го има Новак Ѓоковиќ кој исто така во голема форма го игра турнирот.
„За мене ова е остварување на сон, финале на Вимблдон. Искрено не ми се верува. Уживам во ова, но продолжувам да сонувам“, рече Алкараз.
„За финалето што да кажам? Сите знаат каква легенда е Новак. Ќе биде многу тешко, но јас ќе се борам, тоа сум јас. Верувам во себе, верувам дека можам да победа. Знам дека е непоразен од 2012 на овој терен. Предизвикот е голем, но јас сум благодарен за можноста која ја имам. Уште од самиот почеток сонував да играм со играчи како Новак“.
