Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6 отсто, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.
Економија

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6 отсто, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

30/04/2025

AA

Приходи од
продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот
јануари – март 2025 година
продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба
со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак,
достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот
период од минатата година.

Продажби
според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот
пазар се зголемени за 24 % во
споредба со првите три месеци од минатата година. Како докажан партнер на
јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на
најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на
светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка
за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е
ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во
вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 32 % се
остварени на домашниот пазар, додека, пак, 68 % се остварени на странските
пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени
25 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 23 %, во земјите
од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен
1 % од вкупните консолидирани
продажби. Продажбите на странските пазари во првиот квартал од 2025 година се
во согласност со предвидената динамика и бележат раст од 8 % во однос на
планот. Во периодот што следува очекуваме кумулативните пласмани на странските
пазари да ги надминат минатогодишните.

Најголем пораст кај извозните пазари, во
споредба со минатата година, бележат продажбите остварени на Јужна Африка, кои
се зголемени 3,8-пати; потоа во Холандија, каде што се зголемени 3,7-пати, во
Португалија, каде што се зголемени 2,3-пати, како и во Австрија, каде што
продажбите се удвоени. Потоа следуваат оние во Грција (раст од 40%), Финска
(раст од 39%), Ерменија (раст од 29 %), во Украина (раст од 13 %), Босна и
Херцеговина (раст од 12 %), Саудиска Арабија (раст од 10 %), во Словенија (раст
од 9 %), Србија (раст од 6 %), Хрватска (раст од 5 %) итн.

Продажби
според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата
на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од
сегментот фармација, и тоа 92 %. Од
нив поголем удел имаат антибиотиците со 29 %, препаратите ОТЦ со 16 %,
кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 12 % од вкупните
консолидирани продажби итн. Сегментот хемија,
козметика и билкарство учествува со 8 % во вкупните консолидирани продажби,
поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 5 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај
сегментот фармација, додека во
Сегментот хемија, козметика и билкарство  бележат намалување во споредба со остварените
во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација
бележи раст од 7 %, хемија
намалување од 3 %, козметика пад од
11 %, а билкарство намалување од 13
%. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика
и билкарство во голема мера се должи
на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во
Македонија и во Црна Гора.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот
јануари – март 2025 година изнесуваат 256.658 илјади денари.

Резултати од
работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци,
даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 744.810.347 денари,
бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува
407.432.285 денари и е зголемена за 4 %.

Консолидираната добивка пред финансиските
трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 928.314.407 денари и
бележи раст од 8 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од
491.703.111 денари е зголемена за 3 %.

При извршувањето на оперативните активности
АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – март 2025 година во
АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 13 нови вработувања во РС Македонија. Со
одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2025 година е одобрен
и исплатен регресво висина од 44.500 денари нето-износ за користење
годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата АЛКАЛОИД брои 3.046
вработени, од кои 2.288 се во земјава, а 758 се вработени во капитално
поврзаните друштва во странство.

Податоци за
акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на
официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и
важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на
акцијата во периодот јануари – март 2025 година се движеше од 26.800,00 до
31.099,00 денари или просечно 28.966,38 денари за една акција. Движењето на
цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се
должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето
на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи,
управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на
регионалните берзи. На 31.03.2025 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во
сопственост на 6.188 акционери, физички и правни лица, a пазарната
капитализација на компанијата изнесуваше 39,4 милијарди денари.

На 1 април 2025 година, на Годишното собрание на
акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година
во износ од 901.752 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во
мај 2025 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 630 денари
бруто, односно 567 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2024
година е поголема за 16,67 % во однос на исплатената дивиденда од акција за
2023 година.

Бизнис-план
за 2025 година

Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука
на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024
година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од
продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на
консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 %
на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година.

Бизнис-планот за 2025 година е базиран на
очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и
производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот.
Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може
да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски
услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе
продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на
каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во
зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните
безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што
секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во
синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали.
Дополнително, потенцијалниот ризик од глобална трговска војна може да
предизвика нови покачувања на цените на суровините и да доведе до зголемени
трошоци во работењето. Внимателно го следиме развојот на настаните и преземаме
мерки за ублажување на овие потенцијални ефекти.

Очекуваме во 2025 година да продолжиме по
патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни
инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во
развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и
можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со
нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано
вложувајќи во подигнувањето и во усовршувањето на нивото на знаења и на вештини
на нашите вработени и во градењето таленти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026
Македонија

СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

13/02/2026
Македонија

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026
Македонија

Европа гради сопствена „минерална безбедност“ – Италија ќе складира критични

13/02/2026
Македонија

Мистерија во Тетово: Мајка заведена како почината родила дете

13/02/2026
Македонија

Додека се најавуваат рестрикции за никотинските производи, превенцијата од пушење

13/02/2026
Македонија

ГО РОДИЛА, ПА СИ ЗАМИНАЛА Мајка го оставила новороденчето во

13/02/2026
Македонија

Кодекс наместо рестриктивни правила: Македонските инфлуенсери го отфрлија правилникот на

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41421
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026

Трошоците за живот во јануари годинава бележат намалување од 0,7 проценти во споредба со декември 2025 година, соопшти Државен завод за

СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ Гоце Наумовски не е партиски

13/02/2026

СДСМ го партизираше судството со предлозите за уставни судии како Ана Павлова Данева, партиски потпретседател и Јадранка Дабовиќ, носител на

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026

Обвинителката Ленче Ристоска ги отфрли како невистинити тврдењата изнесени од адвокатката Лејла Кадриу, оценувајќи дека станува збор за лаги кои,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy