Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алкалоид ги промовира четирите нови засилувања за Европската лига!
Спорт

Алкалоид ги промовира четирите нови засилувања за Европската лига!

31/07/2023

AA

Македонскиот ракометен вицешампион, екипата на Алкалоид следната сезона, денеска ги промовира четирите нови засилувања за претстојната сезона, во која ќе се натпреварува и во Европската лига.

Нови ракометари на „фармацевтите“ се репрезентативецот на Македонија, десниот бек Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, а за првпат во екипата ќе има и интернационалци – левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба, Алехандро Ромеро.

Бинго ќе биде најискусниот во тимот од Автокоманда, барем според неговата биографија. Тој има 35 години и е поранешен репрезентативец на Франција, а во кариерата настапувал за португалските екипи Бенфика и Спортинг, како и за француските Трембле и Монпелје. Ромеро, пак, е роден во 1994 година, а доаѓа од Екс Провaнс, во чии редови имаше завиден процент на одбрани. Кубанецот бранеше и за Понто Комбо од Франција, за шведскиот клуб Онередс Аристика и за Порто.

Велковски е 26-годишен десен бек, кој доаѓа од Пелистер, а претходно настапуваше и за Металург. Тој беше дел од македонската репрезентација на ЕП во Хрватска во 2018, на ЕП во Австрија во 2020, на СП во Египет во 2021 и на ЕП во Унгарија во 2022. Стојчевиќ е кружен напаѓач, кој има 20 години и кој е висок 207 сантиметри, а доаѓа од Бутел Скопје.

Стручниот штаб на Алкалоид се надева дека со овие четворица нови ракометари тимот ќе добие повеќе искуство на теренот, проверен квалитет и опции за игра и воедно ќе стане поконкурентен за настапите во домашната Суперлига и во Европската лига.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Две компании кои вршеле ископување кај изворите Шум, предизвикале загадување

19/02/2026
Македонија

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал

19/02/2026
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031

19/02/2026
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41673
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Две компании кои вршеле ископување кај изворите Шум, предизвикале загадување на водата во Струга

19/02/2026

Градоначалникот Менди Ќура бара итна санација и кривична одговорност за две компании што вршеле ископувања кај изворите во Шум, надвор од

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал гориво му „увалил“ лажен накит

19/02/2026

Скопјанец на возраст од 32 години вчера бил измамен од непознато лице за сума од 800 евра. Случајот бил пријавен

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031 година

19/02/2026

Собранието денеска го усвои продолжувањето на рокот за постапките поврзани со бесправно изградените објекти, со што граѓаните кои веќе поднеле

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy