
Алкалоид ќе го предизвика Вардар во финалето на турнирот во Струга!
Двата тима имаа свои моменти и водство до последните 15 минути од средбата во кои се влезе со изедначени 21-21, по што македонскиот тим заигра далеку подобро и на крајот до посакуваната победа. Голманот Ромеро беше еден од клучните во тимот на Алкалоид со осум интервенции во важни моменти, пет погодоци постигна Мартин Серафимов, додека по четири пати стрелаа Митев и Бинго.
Претходно, Ваардар со триумф над шведскиот тим Гулф дојде до можност да игра за пехарот на струшкиот турнир.
