Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Али Ахмети се збогатил на незаконски начин по војната од 2001, обвинуваат од БЕСА
Македонија

Али Ахмети се збогатил на незаконски начин по војната од 2001, обвинуваат од БЕСА

27/04/2023

AA

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, во Програмата 200 на Алсат упати тешки обвинувања кон лидерот на ДУИ Али Ахмети, за кого рече дека е најкорумпираниот човек во таа партија и оти се збогатил на незаконски начин по војнатата во 2001 година.

Според Лимани, Ахмети има и неколку вили на морското крајбрежје во Албанија, покрај куќата и другите имоти во Кичево. Има неколку куќи, од кои само една вреди повеќе од 500 илјади евра, пренесоа информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик.

„Дека има вила во заливот Лалези (Албанија), тоа се докажува и со познатите прислушувања. Дека има имот во Голем (Албанија) се докажува со документација, оти врз темелите на старата куќа има куќа, која чини повеќе од 500 илјади евра. Тоа е факт. Факт е дека купил земјиште од чичковците спроти и покрај неговата куќа“, изјави Лимани.

Според Фатмир Лимани, факт е и дека Ахмети ги дислоцирал сите чичковци од постојните граници од другата страна на неговото село Зајас. Факт е и дека има вила во Буковик. Дека неговото семејство (браќата заедно со децата) ги узурпирале сите земјишта во Буковик е факт. Според него, ова е докажано таму и може да се потврди и со друга дополнителна документација.

Лимани вели дека Ахмети не бил богат пред да дојде на власт. Тој зборуваше и за, како што рече, потеклото на ова богатство. Според него парите и богатството на Ахмети потекнуваат од трите хидроцентрали, кои ги има на реката во Бачиште, во Кичево, а се во сопственост на семејството на Али Ахмети. Тие потекнуваат од лиценците, кои му биле дадени на неговиот син за производство на струја.

„Не бил богат. Сите сме биле сиромашни и се познаваме. Јас не се занимавам со тоа. Испадна дека врвот на раководството на ДУИ бил многу покорумпиран отколку сите други“, потенцира Лимани.

„Ако мислиш на производство на струја, ќе треба да имаш хидроцентрала, термоцентрала итн. Дадена му е лиценца и за производител и дилер. Има две лиценци“, рече Лимани.

Потпретседателот на Движењето БЕСА рече дека сите негови изјави треба да ги истражи Обвинителството, во кое тој воопшто не верува бидејќи се сомнева дека е контролирано од власта. За себе негираше дека бил корумпиран додека бил заменик-директор на ЕЛЕМ, како член на ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy