Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Албанската опозиција поднесе интерпелација за работата на Јовески
Македонија

Албанската опозиција поднесе интерпелација за работата на Јовески

14/09/2023

AA

Албанската опозиција составена од Алтернатива, Беса и Демократско движење денеска на прес конференција истакна дека доставиле интерпелација за работата на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

„Денеска сме тука да ве информираме дека ние – група пратеници – од партиите АлтернАтивА, Движење БЕСА и Демократско движење, доставивме интерпелација за работата на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Иако Љубомир Јовески заслужува повеќе интерпелации и отповикување на одговорност, бидејќи не е никаква вест да се каже дека Јавното обвинителство стана едно од министерствата на оваа влада, сепак основната причина за оваа интерпелација е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица. Ние сметаме дека улогата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во овој случај стана предмет на сомнеж и за тоа е потребна одговорност и јавно објаснување“, вели опозицијата.

Според нив, оваа интерпелација има за цел во јавна собраниска расправа да ги покрене сериозните сомнежи дека Јавното обвинителство криел факти и информации во текот на целата постапка за да заштити на тој начин некои политичари и членови на бизнис елитите, кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои беа предмет на оваа трагедија.

„Затоа, врз основа на одредбите од Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието на РСМ, ние денеска ја доставивме интерпелацијата во Архивата на Собранието и чекаме претседателот на Собранието да ја процесуира истата.

За информација на јавноста и потсетување на претседателот на Собранието, врз основа на Деловникот на Собранието на РСМ, поточно член 47 од истиот, претседателот на Собранието е должен во рок од 15 дена од доставувањето на интерпелацијата, да ја стави на дневен ред на следната прва пленарна седница. Оттука, ние очекуваме претседателот на Собранието да го почитува Деловникот на Собранието, а останатиот дел е да се соочиме со аргументи со Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, за тоа како се случило 14 лица да изгорат во болница и да не се бара одговорност од претпријатието што ја изградил модуларната болница, од изведувачот на јавната набавка, потоа да објасни зошто не бил земен предвид извештајот на германската форензика и зошто е изземен обвинителот кој првично беше одреден за тој предмет.

Нашето барање е јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, да се појави во Собрание и пред народот и да ја објасни својата улога во овој случај, имајќи ги предвид сите обвинувања наведени во врска со неговата работа.

Нам ни преостанува да очекуваме претседателот на Собранието, Талат Џафери, да биде сега на чело на својата должност и во интерес на граѓаните!“, додава албанската опозиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026

Ситуацијата во виничкото село Блатец денеска ескалираше кога дојде до остар вербален конфликт и тензии на работ на физички инцидент

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy