Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНИЈА ГРАБИ НАПРЕД: Oтвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во ЕУ
Регион

АЛБАНИЈА ГРАБИ НАПРЕД: Oтвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во ЕУ

22/05/2025

AA

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во Европската Унија(ЕУ). 

На Меѓувладината конференција за пристапување во Брисел, Албанија денеска ги отвори преговорите во Група 3, Конкурентност и инклузивен раст, која вклучува осум преговарачки поглавја.

Ова е веќе четвртиот кластер што таа го отворила во преговорите досега. Нова методологија за преговори беше воведена во 2020 година, кога 35-те преговарачки поглавја беа поделени во шест тематски кластери. Оттогаш, земјите-кандидатки не отворија преговори за поединечни поглавја, туку за неколку од нив, обединети во групи. Според најавите на европските лидери, Aлбанија има реални шанси во 2027 година да влезе во ЕУ. 

Албанија аплицираше за членство во ЕУ на 24 април 2009 година, по што Европската комисија на 9 ноември 2010 година оцени дека пред официјален старт на пристапните преговорите, земјата треба да постигне поголем степен на усогласеност со критериумите за членство, вклучително и со имплементација на 12-клучни приоритети. 

Во октомври 2012 година, Европската комисија препорача на Албанија да се додели статус на кандидат за членство, под услов да ги спроведе клучните барања за реформа на судството и јавната администрација и за промена на Деловникот на албанското Собрание.  

Албанија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во јуни 2014 година, но стартот на преговорите две години беше блокиран од страна на Грција поради, според тврдењето на Атина, кршење на правата на припадници на грчкото малцинство во земјата.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy