Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Активистите со апел до граѓаните: Да не се фрлаат легла со кучиња!
Македонија

Активистите со апел до граѓаните: Да не се фрлаат легла со кучиња!

23/04/2023

AA

Да не се фрлаат легла со кучиња во Кавадарци и околината, апелираа попладнево активистите за заштита на животните, на фејсбук страната ,,Спаси живот, добиј живот, помогни на животните”.

Оттаму упатија апел до кавадарчани, за било какви проблеми во врска со ова, да побараат помош од здруженијата за заштита на животните, па заедно со нив и локалната самоуправа, да се надминат проблемите.

– Да почнеме да го менуваме менталитетот и системот, порачаа активистите за заштита на животните.

Пред неколку дена, од страна на градоначалниците на општините од Тиквешијата, јавноста беше информирана дека е потпишан договорот за изградба на “Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион”, помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и изведувачот на работите, ,,АС машини” Кавадарци.

Локацијата на објектот на “Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство” е на парцела во општина Кавадарци, во населба Глишиќ, на површина од 5.470 квадратни метри, наменет за сите девет општини од Вардарскиот плански регион.

Финансиската конструкција на овој проект изнесува 14.892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119.385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.

Согласно динамиката за изведување на градежните работи, објектот треба да биде готов во наредните шест месеци.

Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштето на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.

Проектот, покрај изградбата на објектот, ги опфаќа и активностите, набавка на опрема и возило во рамки на стационарот, изработка и развој на веб сајт со дефинираните модули „Пријави бездомни животни и локација“ и „Вдоми милениче!“, како и систем за следење и регистрација на бездомни животни, активности за ветеринарен третман на бездомните животни и маркетинг активности за подигнување на свесноста, за вдомување на третирани бездомни животни.

Предвидените активности во рамки на проектот, треба да бидат реализирани до крајот на 2024 година.

„Регионален центар за грижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион“ се однесува на хуман третман на животните, со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Започна исплатата на МојДДВ

15/05/2026
Македонија

АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на

15/05/2026
Македонија

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари,

14/05/2026
Македонија

Уапсен 86-годишен скопјанец, се однесувал непристојно во парк кон малолетничка,

14/05/2026
Македонија

Митева: Упатена официјална покана до Софија – ќе го побиеме

14/05/2026
Македонија

Митева: Лукровски е на боледување, шпекулациите за оставка се неосновани

14/05/2026
Македонија

Мерки на претпазливост за в.д. претседателот и судски администратор на

14/05/2026
Македонија

Митева пресече: Изборите ќе бидат редовни, СДСМ ги очекува уште

14/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43281
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Започна исплатата на МојДДВ

15/05/2026

Граѓаните во наредните денови ќе почнат да ги добиваат средствата од повратот на дел од ДДВ за првото тримесечје од

АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на легални објекти

15/05/2026

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) реагира на новиот Предлог-закон за игри на среќа, оценувајќи дека дел од

Татко и ќерка од Скопје измамени за 152 илјади денари, добиле ветување за вработување во

14/05/2026

На 13.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy