
Активист почна штрајк со жед пред Собрание – бара решавање на проблемот со луѓето без документи
Пред зградата на Собранието на Македонија, активистот Суад Месини започна штрајк со жед, поради, како што објави, нерешавањето на проблемот со фантомите, односно со луѓето без документи.
Месини уште минатата недела се обрати до јавноста, но пред се’ до претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието, да се изгласаат сите потребни закони, како што рече – АПЕЛИРАМ на животот да му ставите македонско знаменце, со значење – ВЕДНАШ!
-Доколку ова прашање не се затвори до 19.06.2023 (понеделник), истиот ден ќе започнам безусловен и неограничен ШТРАЈ со ЖЕД, кој ке трае сé до решавање на овој проблем. Или до нерешавање. А тоа, според медицинската наука трае најмногу до – 3 дена. Ако така решат најмоќните, нема да трае долго, напиша Месини.

