
АКТИВИРАНА БИЛА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА: Тело на маж e пронајдено во автомобил во канал во Хрватска
Тело на маж e пронајдено во автомобил во канал во Хрватска, a полицијата соопшти дека била активирана експлозивна направа.
Возилото било во каналот покрај патот Будровци-Ѓурѓанци. Граѓани пријавиле дека во каналот има автомобил, по што полицијата излегла на лице место.
„Во истрагата спроведена од полициски службеници на Полициската управа Осиек-Барања, во соработка со заменик жупанискиот државен обвинител во Осиек и полицискиот службеник за антиексплозивна заштита на Регионалната антиексплозивна единица Осиек, утврдено е дека непознат експлозивен уред бил активиран во возилото. Телото на починатиот е пренесено на обдукција“, соопшти полицијата.
Продолжува натамошната кривична истрага за да се утврдат сите околности за несреќата.