Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Активен пожар во ловиштето „Јасен“, на терен три хеликоптери
Македонија

Активен пожар во ловиштето „Јасен“, на терен три хеликоптери

12/08/2025

AA

Неколку пожари беснеат денеска на отворен простор во земјава, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најкритична е состојбата во ловиштето „Јасен“ на територијата на Општина Македонски Брод, каде огнената стихија со денови не може целосно да се стави под контрола.

„Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително непристапниот терен некои негови краци повторно се реактивираат, зафаќајќи поголема површина,“ изјави Ангелов.

Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два од МВР и еден од Армијата, како и 15 припадници на специјалните единици на МВР, 26 од Армијата, екипи на ЈП „Јасен“ и тимови од Национални шуми.

Активен е и пожарот кај селото Крапа, во истата општина, но според Ангелов се работи за помал обем и се очекува брзо да биде ставен под контрола. Гори и во близина на скопското село Свиларе, каде интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со поддршка од два пинцгауера на ДЗС.

Ангелов потсети дека вчера бил изгаснат тежок пожар кај селото Челопејци во Кичевско, кој претставувал закана за воени објекти и самото село. Со брза реакција на два полициски хеликоптера, еден армиски, два авиона „Ер трактор“, противпожарни екипи и локални жители, пожарот бил целосно изгаснат околу 2 часот по полноќ. На терен сè уште има патроли за да се спречи повторно активирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy