Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ако нема плата до понеделник здравствените работници излегуваат на протести и штрајк во текот на идната недела
Македонија

Ако нема плата до понеделник здравствените работници излегуваат на протести и штрајк во текот на идната недела

15/02/2023

AA

Откако денеска беше пробиен и последниот законски рок за исплата на личниот доход за јануари на вработените во јавните здравствени установи поради хакерскиот напад како што тврдат од Фондот, во понеделник Синдикатот на Клинички ќе одлучува за следните чекори, бидејќи огромно било незадоволството на лекарите, сестрите, болничарите и другиот медицински персонал.

Денеска добиле ветување од директорката на ФЗО дека за два дена парите ќе им бидат префрлени на сметките.

  • Добивме информација дека ангажирале фирма рачно да ги внесува податоците за исплата на платите на здравствените работници и за исплата на боледувањата и дека најдоцна до понеделник ќе се решела ситуацијата, изјави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички.

Системот на Фондот веќе 11 ден не е во функција, освен плата за околу 25.000 здравствените работници во над 100 установи, не се исплаќаат ниту боледувањата, породилното и рефундациите.

За овој период директорите на ФЗО не излегоа во јавност да образложат зошто дошло до оваа ситуација и какви чекори преземаат. Вчера испратија само соопштение во кои тврдат дека станува збор за сајбер напади и дека нема излевање на податоците на осигурениците. Ова предизвика сомнеж во јавноста и отвори низа прашања  околу безбедноста на личните податоци на граѓаните.

  • Коректно ќе беше директорите да излезат јавно и да кажат за што се работи, а не вака преку пријатели да дознаваме до кога ќе трае целата оваа ситуација, рече потпретседателот на Синдикатот на Клинички д-р Серафимовски.

Паралелно не само поради доцнењето на платата, штрајот на вработените во Клинички ќе се активира и поради неисполнетото ветување од пред два ипол месеци за зголемување на месечните примања на медицинските сестри и останатиот помошен кадар за 2000 денари, но министерот и заменикот си заминаа од функциите, а потпис на договореното не ставија.

 


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy