
АКО ЕСКАЛИРА СУДИРОТ ХАМАС – ИЗРАЕЛ: Цените на нафтата ќе растат, глобалната економија ќе трпи штети
Според експертите, цената на нафтата може да скокне до 250 долари.
Ако војната меѓу Израел и Хамас ескалира во глобален конфликт, цената на нафтата ќе скокне на троцифрена, а глобалната економија ќе загуби 2 трилиони долари, пишува Њујорк Тајмс. Весникот го цитира главниот економист на EУ-Партенон (дел од британскиот консалтинг група Ернст и Јанг ) Грегори Дако, пренесува Политика. Вели дека глобалната економија, ќе влезе во умерена рецесија, а глобалната берза ќе падне. Експертот вели дека во најлош случај, ескалацијата на Блискиот Исток може да доведе до зголемување на цената на нафтата до 150 долари за барел (во моментов се продава за 85,36 долари за барел).
Ценовни шокови имаше и лани откако почна војната во Украина.
foto freepik.com