
„Ако Дурант ни е шести играч, тогаш јасно ви е со каков тим располагаме“
Стеф Кари постигна 11 поени, три скокови и три асистенции, а по мечот зборуваше за неговите очекувања.
„Србија е одличен тим, но не можеше да го запре Дурант. Кога ќе кажете дека Кевин е наш шести играч, тогаш јасно ви е со каков тим располагаме“, кажа Кари.
Ѕвездениот тим на САД е главен фаворит за златниот медал на Олимписките игри во Париз.
