Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е најголемото бетонско чудовиште во Република Македонија
Македонија

Јакимовски: Партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е најголемото бетонско чудовиште во Република Македонија

13/12/2023

AA

Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија, праша градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција што ја одржа зад партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на вчерашните најави од советниците во општина Карпош од оваа политичка партија дека ќе го блокираат носењето на Буџетот за 2024 година со 4.000 амандмани за да спречеле „носење на криминални дупови кои ќе се изродат во нови бетонски чудовишта во Карпош“.

Јакимовски покажувајќи и на јавноста на што личи локацијата во строгиот центар на Скопје на која е изградена зградата во која е сместен партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, јавно праша кој овде има налудничав проект?

Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник?, праша Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош исто така истакна дека советниците од оваа партија и нивниот лидер поддржуваат само вакви урбанистички решенија, наместо современи проекти.

-Гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула, рече Јакимовски.

Изјавата на градоначалникот Стевчо Јакимовски ви ја пренесуваме во целост:

Целта на овој прес е најавата на советничката група на ВМРО-ДМПНЕ за поднесување на 4.000 амандмани со цел да го блокираат Буџетот на Општина Карпош и како што велат, граѓаните може да бидат спокојни бидејќи советниците на ВМРО-ДМПНЕ ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални дупови кои ќе се изродат во нови бетонски чудовишта во Општина Карпош.

Искрен да бидам, јас не сум ни очекувал дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа деталните урбанистички планови затоа што тие се нови објекти современи како што има, Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија во Белград, тие се за згради за барок, со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика, како што се лажни нивните патриотизми како што се лажни и нивните заложби за зеленило во објект во кој што изградиле а нема ниту еден метар квадратен за зеленило, туку има пет-шест саксии напред од кои три им се веќе овенати. Зборуваат за бетонски чудовишта а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште и кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија. Сите ние овде се сеќаваме на едно мало зградиче на два ката, едно жолто зградиче со мало дворче, гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула што би рекол великиот Кочо Рацин „За себе банки ѕидаат, банки палат и кули тенки високи“.

Очигледно несакаат да поддржуваат современи проекти, каде што во Карпош ќе се обезбеди паркинг простор за 2.500 граѓани каде што ќе има дополнителни 1.000 паркинг места за сите граѓани на Карпош. А тие овде во ова нивно бетонско здание имаат обезбедено паркинг простор само за нивното лидерче. Сите останати вработени во ВМРО-ДМПНЕ паркираат доле во подземните гаражи или го блокираат целиот влез или се најчесто со четири запалени трепкачи. Згора на тоа истата оваа бетонизација има диво градба тераса, малку им беше сето ова па уште имаат и диво градба тераса, и сега нас не обвинуваат за лудничави проекти.

Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас , погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник? Јас сум сигурен дека во хотелов зад мене ходниците се пошироки од ова што тие го направија практично со ова здание, го обезвреднија и Терхнометал и Бест Вестер хотелот и им го уништија животот на граѓаните од Лу Пастер 137. Ова само покажува колку нивните проекти биле нормални и испланирани, а нашите биле налудничави. Ова овде е вистински пример за бетонизација, за урбана мафија, вистински пример за алчни луѓе кои што го загрозија живтот на сите оние околу нив што живеат и вакви чудовишта на територија на Општина Карпош, ниту имало ниту ќе има.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy