
Јакимовски: Некои кандидати се плашат од мене!
Во врска со информација од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека нечиј штаб поставувал услови и одбивал да учествува на дебати на кои ке учествуваат претседателските кандидати Билјана Ванковска „заради нејзиниот наратив“ и Стевчо Јакимовски “заради ставањето на црна листа“, реагира претседателскиот кандидат Јакимовски, заедно со ГРОМ и коалицијата Храбро за Македонија.
„Како кандидат за претседател, како политичар, но пред се како човек, подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е важно за македонските граѓани и македонската држава. Тоа што некој кандидат и нечиј штаб имале проблем да се соочат со мене на мастер дебатата, само говори за нивниот страв да се соочат со своето незнање и страв од соочување со вистината, која за некого може да биде многу тешка и болна“, вели Јакимовски.